За нас
Запознајте се со Нова Либерална Партија — нашата историја, раководство и вредности.
Нова Либерална партија е политички субјект, кој на политичката сцена во Македонија за прв пат се појавува во 2009 година. Основачкото собрание е одржано на ден 28.06.2009 година, во хотелот „Липа” во Прилеп во присуство на околу 350 делегати.
За прв претседател е избран г-дин Зоран Крстевски, а за потпреседатели се избрани Драган Василески, проф. Звонимир Јанкуловски, Слободан Даневски и Љупчо Мешков.
На 03.02.2011, НЛП се приклучува на Коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Вториот редовен конгрес е одржан на 30.11.2013, и за Претседател е избран г-дин Драган Василески.

| Датум на раѓање | 13.10.1956 |
| Место на раѓање | Прилеп, Македонија |
| Адреса | Ул. Војводинска 67/20 – Прилеп |
| Е-пошта | dragan.vasileski@yahoo.com |
| Образование | Дипломиран политиколог — Универзитет за политички науки, Београд (1975–1980) |
Член 1 — Назив и седиште
Политичката партија носи назив Нова Либерална Партија (НЛП). Седиштето на партијата е во Прилеп, Македонија.
Член 2 — Цели и задачи
Нова Либерална Партија се залага за демократски вредности, владеење на правото, слободата на граѓаните и економски развој на Македонија.
Член 3 — Членство
Член може да биде секој полнолетен граѓанин на Република Македонија кој ги прифаќа програмата и статутот на партијата и кој поднесе пристапница.
Член 4 — Органи на партијата
Органи на партијата се: Конгресот, Главниот одбор, Извршниот одбор и Надзорниот одбор. Конгресот е највисок орган и се свикува редовно на секои четири години.
Нова Либерална Партија е основана во 2009 година со цел да понуди алтернатива на постоечките политички сили во Македонија, темелена на либералните вредности — слобода, еднаквост и правда.
Од своето основање, партијата активно учествува на локални и парламентарни избори, градејќи силна мрежа низ 33 општини низ цела Македонија.
— Драган Василески, Претседател на НЛП
