Нова Либерална партија со поддршка на кандидатурата на д-р Митре Милошевски за Градоначалник на Охрид

posted in: Активности, Вести | 0

 

Во текот на минатата недела, Претседателот на НЛП, Драган Василески беше во предизборна посета на Охрид. Во текот на неговиот престој имаше средби со Претседателот на општинската организација на НЛП-Охрид, Васко Бојаџиески и членството на организацијата. На истата беше разговарано за актуелната политичка ситуација, и беа договарани активностите кои НЛП- Охрид треба да ги преземе во текот на изборната кампања, во која охриѓани, покрај за Претседател ќе гласаат и за избор на Градоначалник. Нова Либерална партија целосно застанува за кандидатурата на кандидатот за градоначалник од редовите ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Митре Милошевски и ќе ги вложи ресурси со кои располага за да најубавиот град во Македонија, конечно добие за Градоначалник човек кој ќе биде целосно посветен на решавање на проблемите на граѓаните и подбрување на сликата за Охрид како туристички град.

Leave a Reply