Проблемот со загадувањето во Република Македонија станува тема на која мора сериозно да се разговара. За сериозноста на проблемот кој зема се поголем замав, Нова Либерална партија укажуваше и минатата година, но Власта остана глува на нашите заложби и предлог мерки. Инсистираме час поскоро, Владата да реагира и да излезе со конкретни решенија за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух кој го дишеме секојдневно и го загрозува здравјето на нашите граѓани. Во тој контекст, потсетуваме на мерките кои НЛП ги предлои во Октомври 2017 година:
1.Бремените,болните и децата да бидат ослободени од одење на работа/школо
2.Воведување на пар/непар
3.Субвенции за плински и метан уреди во автомобилите
4.Субвенции за прочистувачи на воздух во домовите,а училиштата и градинките да ги набават задолжително со буџетски средства
5.Субвенционирана поефтина струја за 50% во месеците Декрмври,Јануари и Фебруари
6.Бесплатен или поефтин за 70% градски превоз
7.Субвенции на увозниците на маски со филтри како би добиле поефтина цена на истите
8.Намалување на работно време на администрацијата во месеците Декември,Јануари и Фебруари, со цел да се стимулураат пеш да доаѓаат на работа (времето потребно да дојдат на работа пеш и да се вратат пеш,да им се смета за работно време) или воведување мерка со која административците задолжително ќе мора да искористат 5 дена од годишниот одмор во овие 3 месеци
9.Субвенции или бесплатно поставување филтри во куќи кои се греат на дрва или јаглен
10.Работа во три смени на инспекциските служби за животна средина и менување на Законот (со консензус во Собрание) во насока на санкции со кривична одговорност за оние кои не го почитуваат
11.Изработка мобилна на апликација, финансирана од државата, преку која секој граѓанин ќе може да пријави доколку биде забележан загадувач, а инспекциските служби ќе треба да реагираат во рок од 2 часа од добивање на пријавата
Leave a Reply